Нов претрес во вилата на Жан-Мари Ле Пен

Француските истражни органи денеска извршија претрес во канцеларијата на Жан-Мари Ле Пен, што се наоѓа во неговата вила во парискиот регион, во рамкитна истрагата што се води против 20 парламентарни помошници на европратеници на екстремнодесничарскиот Национален фронт (ФН).
Според истрагата, како што јави дописникот на МИА од Париз, помошниците, кои биле плаќани од Европскиот парламент, наместо за европратениците, работеле за потребите на ФН.
Претресот, во присуство на Ле Пен, кој е почесен претседател и основач на ФН и беше, беше извршен по наредба на Обвинтелството од Париз, кое добило сознаија од европското тело задолжено за борба против злоупотребата на европските фондови ОЛАФ. Истражните органи ги проверувале и компјутерите на Жан-Мари Ле Пен.
Оваа не е прв претрес на канцелариите на Жан-Мари Ле Пен. Во ноември минатата година тие беа претесени во рамки на истрагата околу сомнежите за даночно затајување.
Ново на Сител
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
