Спорт плус
11. July 2015 - 21:12

Нов пораз од 3:1 на македонските одбојкари од Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во Европската лига откако вечерва по вторпат беше совладана од Естонија. За разлика од вчерашните 3:0 во сетови, денешниот дуел заврши со 3:1 за противникот.

По сетови: 25:21; 25:21, 27:29 и 25:21.
По првите два сета кои ги добија Естонците со 25:21, во третиот сет имаа водство но избраниците на селекторот Жарко Ристоски со серија поени дојдоа до сет топка 24:23. потоа и Естонија имаше меч топка 25:24, но сетот го доби Македонија со 29:27. Во четвртиот сет Естонија повторно беше подобра со 25:21 или вкупно во поени 102:92.
Мала утеха за нашиот играч Јовица Симовски, кој со 24 поени беше најдобар поединец на натпреварот.
Македонија следниот натпревар го игра во Скопје на 18.јули против Израел.