-->
-->
Нов пад на македонските тенисери на најновите ранг-листи
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи пад од дури 5 места на најновата АТП ранг-листа.
Јотовски кој минатата недела настапуваше на фјучерс турнирот во Санта Маргарита Ди Паула во Италија,каде беше елиминиран уште во 1.коло во поединечна, односно 2.коло во конкуренција на двојки, сега е рангиран на 584.место што е пад за 5 позиции.
Во двојки Јотовски сега е рангиран на 1025.место, седум места подобро, од минатата недела, но речиси двојно послабо во однос на неговиот најдобар ранкинг од септември минатата година кога беше на 540 место.
Што се однесува до десетмината најдобро рангирани.
Рафаел Надал, најверојатно годината ќе заврши како најдобар, бидејќи неговиот конкурент Роџер Федерер се повлече од Мастерсот во Париз, па сега на Шпанецот му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната.
По овие двајца следува Енди Мареј, па Германецот, Зверев и Хрватот, Чилиќ кои ги заменија местата.
„Топ-10“ листата ја комплетираат: Доминик Тим (Австрија) , Новак Ѓоковиќ (Србија), Григор Димитров (Бугарија), Стен Вавринка (Швајцарија) и Давид Гофан (Белгија).
Во женска конкуренција, Лина Ѓорческа која е без настап од почетокот на септември, сега е рангирана на 260 место. Лина е без настап поради повреда, а најверојатно нема да игра ниту до крајот на тековната година. Овој ранкинг на Ѓорческа е послаб за 90 места во однос на нејзиниот најдобар од 12 јуни годинава беше на 170-тата позиција.
Романката Симона Халеп останува водечка на ВТА листата, пред Гарбиње Мугуруза од Шпанија и Каролина Возњацки од Данска, која напредуваше за три позиции благодарение на триумфот на завршниот Мастерс во Сингапур.
Во „Топ-10“ листата уште се: Каролина Плишкова (Чешка), Венус Вилијамс (САД), Елина Свитолина (Украина), Јелена Остапенко (Летонија), Каролине Гарсија (Франција), Џоана Конта (В. Британија) и Кристина Младеновиќ (Франција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
