Кошарка
25. August 2015 - 14:46

Нов натпревар за македонските кошаркари со Шпанија

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот контролен дуел против селекцијата на Шпанија. На првиот дуел во саботата во Мадрид „црвената фурија“ извојува висока победа од 94:63.

Вториот дуел што се игра вечерва во Логроњо ќе биде нова можност избраниците на селекторот Марјан Србиновски да го поправат впечатокот.
Почетокот на дуелот е во 21 часот.