Нов напад во кино сала: Четворица повредени и еден убиен

Вооружен маж е убиен од специјалните сили на полицијата, откако ги нападнал посетителите на една кино сала, во предградието на градот Нешвил, во сојузната американска држава Тенеси.
Во соопштението на локалната полиција се вели дека во овој инцидент, четири лица се повредени.
Повреден е и еден полицаец кој бил погоден во текот на престрелката меѓу специјалците и напаѓачот, кога тој бил и убиен.
Неговиот идентитет не се открива, освен што е соопштено дека станува збор за маж на возраст од 51 година и дека потекнува од локалната средина.
Полицијата кај напаѓачот открила пушка, секира, како и извесно количество специјален „пепер спреј“ солзавец , што го искористил во текот на нападот врз кино посетителите. На лицето, вооружениот маж носел хирушка маска, а на себе имал ранец.
По нападот, се обидел да побегне од задните излези на киното, но таму бил пресретнат од специјалните полициски сили кои отвориле оган врз него, откако тој почнал да пука по полицајците.
Експерти за антитероризам подоцна го прегледале ранецот на напаѓачот кој останал на него, откако бил застрелан, но во ранецот не е најдено ништо сомнително и опасно.
Инцидентот во Нешвил доаѓа само две недели по еден сличен таков напад во кино сала во градот Лафајет, во сојузната држава Луизијана и во време кога поротата во сојузната држава Колорадо, одлучува за тоа дали напаѓачот врз едно тамошно кино, од пред три години, треба да биде осуден на смрт.
Во нападот што овој човек го изврши врз кино сала во Колорадо, во 2012 година, додека се прикажуваше филмот „Бетмен“ беа убиени 12, а повредени 70 луѓе, сите посетители на киното.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
