Тенис
6. јуни 2016 - 17:02

Нов најдобар ранг на Ѓорческа во двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата промена на ВТА листата објавена денеска забележа најдобар пласман во кариерата во конкуренција на двојки. Таа е рангирана на 247 место, со 243 поени. Досега нејзин најдобар ранг во двојки беше 255 место. Инаку, нашата тенисерка во поединечна конкуренција има пад од три места и се наоѓа на 247 место со 164 поени.
Во конкуренција на двојки скок има и Магдалена Стоилоковска, која по полуфиналето на фјучрсот во Хамамет со 14 поени се наоѓа на 1018 место, а претходно беше на 1232 место.
Оваа недела Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрс турнир во Падова, Италија што се игра за нагарден фонд од 25.000 долари.
Од тенисерите оваа недела за настап на главниот турнир на фјучрсот во Пловдив (награден фонд 10.000 долари) се избори Бесир Дургути откако во трите квалификациски кола ги мина бугарските тенисери: Антон Георгиев (6:0 и 6:0 во гемови); Илијан Барумов (6:0 и 6:1 во гемови) и Васил Шандаров (6:3 и 6:4 во гемови). Во првото коло Дургути ќе игра против квалификантот Антонио Мастрелија од Италија, додека Стефан Мицов кој директно се пласира на главниот турнир на стартот за ривал го има петтиот носител Кристобал Саведра – Корвалан од Чиле.