Македонија
1. August 2015 - 16:49

Нов манастирски комплекс во тетовско

Три години по почетокот на градбата новиот манастирскиот комплекс "Свети Великомаченик Георгиј Победоносец" во тетовско Туденце ги добива главните обележја и објекти. По црковниот храм, се воздигна крст, се изгради камбанарија, а деноиве беше поставено и ѕвоно. За целосно завршување предвидено е изградба на конаци. 
 
-Знам дека ќе се слуша надалеку. Ќе не собира за сите радосни моменти, во сите молитви кои треба да ги пренесеме пред престолот на Севишниот Бог, истакна г. Јосиф, митрополит на тетовско-гостиварската епархија.
 
Камбаната се градеше со комплетна донација на семејството Димовски од Детроит, Америка, а по потекло од Туденце.
 
-Појдовна е иницијативата на нашите во дијаспората на дедо Мирко Димовски со своето семејство. Сме имале намера дека ќе се прави ѕвоно. Ама кога немаш пари со што ќе правиш. На Ѓурѓовден кога беше, Александар свештеникот вика чукни ја камбаната. Му реков немаме камбана. После неколку дена синовите на дедо Мирко, исконтактиравме, рече да се направи манастирско ѕвоно. Реков добро ќе направиме ѕвоно, челична конструкција и готово. Не, не рече. Нема така да биде. Да биде исто како манастирот, од камен све, истакна Душко Крстоски од црковниот одбор. 
 
Темелите на страта црквата за која е утврдено дека потекнува од 4 до 6 век беа најдени во 2004 година.