Балкан
14. May 2023 - 19:49

Нов крвав инцидент во Србија: 13-годишник со нож нападнал и тешко повредил жена и дете

Тринаесетгодишник со нож и секира нападнал и тешко повредил две лица во селото Радоево во Србија. Повредени се 18 годишно момче и неговата 57 годишна мајка соопшти полицијата. Лекарите се борат за животот на момчето.

Инцидентот од засега непзонати причини се случил ноќеска околу 1 часот. Малолетникот отишол во домот на повредените и таму ги нападнал. Полицијата го приведе напаѓачот, но и неговите родители.