Нов корона бран во Македонија: За 60% поголем бројот на заразени млади до 29 години

317 нови случаи позитивни на КОВИД19 регистрирани вчера е апсолутен рекорд во Македонија од почетокот на корона кризата до денеска. Загрижува податокот дека секој шести тест направен во претходното деноноќие дал позитивни резултати што значи дека над 16% од направените тестови биле позитивни. Речи си две третини од новите случаи се во Скопје. Само вчера 182 позитивни тестови дошле од лабораториите во главниот град. Во лоша состојба се и одредени градови на истокот. Вчера дури 8 нови случаи биле регистрирани во Кочани а 13 во Штип. Еден помалку имало во Струмица и Гевгелија. Во моментов во Македонија има 2892 активни слуачи од кои повеќе од половината или 1166 се во Скопје.
Во главниот град најлоша е сликата во општина Центар каде има дури 210 активни случаи. Два помалку има во Аеродром, по што следи Карпош со 180 и Кисела Вода со 131. Жителите на Чаир очигледно значително го смениле својот однос кон вирусот. Ако на почетокот на кризата во оваа општина имаше најголем број на заразени денеска таму позитивни се само 66 што споредено со останатите скопски општини кои имаат ист број на жители ја прави Чаир општина со најдобра корона слика во главниот град.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, најголем дел од новите случаи се помлади пациенти на возраст меѓу 20 и 40 години. Според податоците за една недела бројот на позитивни меѓу 20 и 30 години пораснал за дури 60% а на оние од 30 до 40 години за повеќе од 46%.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
