Македонија
25. August 2015 - 16:49

Нов командант на првата механизирана пешадиска бригада

Првата механизирана пешадиска бригада во составот на здружената оперативна команда доби нов командант. Јадрото на борбената сила на македонската армија ќе го предводи полковник Зоран Милевски кој должноста ја презеде од бригадниот генерал Павле Арсоски. Тој од другастрана ја презема должноста заменик командант на ЗОК.

Подобрување на борбената готовност, физичката подготвеност и издржливост, јакнење на моралот, редот и дисциплината вети полковникот Милевски.

Успешно командување со единицата, врвни резултати и посветеност кон работата, очекува од Милевски, командантот на Здружената оперативна команда.

На крајот од свеченото примопредавање на функцијата каде присуствуваше и министерот за одбрана Јолевски, беа наградени најдобрите припадници на бригадата.