Фудбал
24. January 2016 - 17:31

Нов кикс на Интер

Фудбалерите на Интер се повеќе заостануваат во битката за титулата во италијанското калчо зад Наполи откако во самиот финиш ја испуштија победата против Карпи во меч од 21. коло

Средбата заврши без победник 1-1 додека Наполи победи убедливо во Џенова со 4-2 кај Сампдорија и се зацврсти на врвот со 47 бода, 5 повеќе од Јувентус кој вечерва игра со Рома и 6 пред Фиорентина која го совлада Торино со 2-0  и Интер.