Македонија
23. February 2016 - 16:32

Нов изглед на големата сала во МОБ

Големата сала во Македонската опера и балет  ќе добие нов лик. Изработен  е проектот со кој се предвидува да се заменат сите седишта, електричната инсталација,подната конструкција, а ќе се постават и лед  екрани.

Реновирањето  на салата  ќе  започне во текот на јуни, а се планира да заврши во септември.

За неполни два месеци се изведени 30 претстави на   трите  сцени .

Директорот потенцира дека e  зголемен и  бројот  на публиката од сите возрасти, а со тоа и приходот од продадените билети. Променето е и логото на институцијата  .

Министерството за култура  ги поддржува сите инфраструктурни проекти, но и програмските содржини.