Нов еротски роман од „Антолог“
„Растењето на Лулу“ од шпанската писателка Алмудена Грандес е новиот еротски роман кој го објави издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Книгата ја доби наградата „Вертикална насмевка“ за еротска проза, а култниот шпански режисер Бигас Луна во 1990 година сними филм според него. Емили Л. Бергман го нарече овој роман „пробив на еротизмот во женското писмо“.
Овој интензивен еротски ракопис ги претставува сексуалното будење и авантурите на Марија Луиза, млада девојка чие семејство ја вика Лулу. Како ученичка ја заведува постариот Пабло, инаку пријател на нејзиниот брат. Подоцна, се среќаваат кога таа заминува на факултет. Тој сега е професор и ја бара својата студентка за жена, постепено воведувајќи ја во различни и необични искуства.
Алмудена Грандес студирала географија и историја. Во своите книги зборува за шпанскиот народ во последната четвртина од XX век и во првите години од XXI век. Нејзините дела имаат добиено многу награди и повеќето доживеале филмска екранизација.
Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Преводот на македонски е на Огнена Никуљски.
Ново на Сител
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва