-->
-->
Нов дебакл на македонските кошаркарски "надежи"
-->

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов убедлив пораз во рамките од Б дивизијата на Европското првенство за играчи до 20 години, што се одржува во Грција.
Денеска, во натпревар за разигрување за пласман од 9 до 16 место, избраниците на селекторот Малинков беа убедливо совладани со 33 поени разлика од селекцијата на Русија со 92-59, по четвртини 19:12, 26:21, 24:8 и 23:18,
Во нашата селекција најефикасен беше Андреј Цветковски кој средбата ја заврши со 16 постигнати поени, а двоцифрен број поени (10) постигна и Виктор Ефремовски.
Ова беше четвртиот пораз во петте одиграни натпревари досега, по што црено-жолтите утре ќе играат разигруваат со поразениот од дуелот Ирска – Словачка и тоа за пласман од 13 до 16 место во терминот од 15:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
