Нов апел терапијата за Хепатит Б да се стави на позитивна листа
Бројот на луѓе инфицирани со Хепатит Б и Ц се зголемува, особено после ковид кризата, велат од Хепар центарот Битола. Токму затоа сите активности се со акцент на црнодробниот карцином.
- Се очекува во наредните 2-3 години да имаме зголемен број на карцином на црниот дроб, затоа апелираме министерството побрзо да ја постави терапијата за хепатит Б на позитивна листа, додека за хепатит Ц сакаме да се заблагодариме затоа што основните буџети на Инфективна и гастроетериохепатологија сега се редовни буџети“, вели Милан Мишковиќ, Хепар центар на Битола
Според статистиките, на светско и европско ниво на секои 30 секунди умира по еден човек како последица на Хепатитис. 1% од населението во Македонија е инфицирано со хепатит Б или Ц, но Мишковиќ вели дека тој број сега сигурно е зголемен.
Во светот дневно има по 3000 смртни случаи како резултат на хепатитот. Кај нас бројот на заразени е 1%, но според Мишковиќ тој е поголем, наместо 20.000, 30.000 пациенти со хепатитис.
Мишковиќ вели дека за наесен се планира отворање црнодробен центар на Гастроентерохепатологија со донации од опрема и тестови.
Инаку она што во моментов во светот загрижува е што кај голем број пациенти со Хепатит Б, откриена е инфекција со Хепатит Д, вели тој.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар