Нотарите се вклучуваат во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда

Нотарската комора на Република Македонија на 25 октомври ќе се приклучи во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата.
– На 25 октомври нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата, се наведува во соопштението од Нотарската комора на РМ.
Нотаријатот во Република Македонија како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, како што посочуваат од Комората, ќе ги поддржува ваквите активности се со цел обзебедување поширок пристап до правдата на граѓаните.
Ново на Сител
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
