Нормализирано водоснабдување по отстранување на вчерашниот дефект во Скопје

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од град Скопје, како резултат на дефект на ф500мм, за чие санирање се појави потреба да се затвори главната водоводна цевка од ф1400мм, е нормализирано и притисокот на проток на вода е стабилизиран.
– Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, брзо и координирано пристапија кон отстранување на дефектот и непрекинато работеа со вклучување на сите расположливи ресурси, од механизација до работна сила и капацитети се до неговото отстранување, истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Тој нагласи дека таков тип на дефекти, се навистина многу ретки и можат да се појават еднаш на 10 години.
– Интервенцијата беше навистина комплицирана и од широки размери, но се пристапи многу одговорно и сериозно и се прифати ризикот од прекин на вода во голем дел од градот, со цел брзо отстранување на дефектот. Дефектот се отстрани за кратко време, иако прогнозите кажуваа нешто друго. Водоснабдувањето е нормализирано околу полноќ и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Горд сум и сакам да ја упатам мојата благодарност до екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение за ситуацијата во која се затекнавме, но и до медиумите за брзото и професионално известување за целиот случај, посочи Весковски.
Ново на Сител
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
