Нормализиран железничкиот сообраќај Велес - Битола
Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола, кој поради сообраќајна несреќа беше во прекин од утрово, е нормализиран, информираат од Железничката станица во Велес.
Возот на релација Скопје-Битола преку Велес веќе е на пат кон Битола и ја поминал Железничката станица кај Чашка. Поради сообраќајната несреќа наместо во 10,20 во Битола возот ќе пристигне околу 14 часот.
Железничката несреќа во која автомобилот удрил во возот се случи утрово во 7,50 на премин кај „Порцеланка“ кој последниве години е обезбеден со светлосни трепкави светла.
Во несреќата тројцата патници во возилото поминале без повреди, а оштетен е само предниот дел од возилото, информираат од Железничката станица во Велес.
Овој железнички премин порано беше обезбеден со чуварска служба на ЈП Македонски железници. Местото е многу непрегледно и често се случуваат сообраќајни несреќи и со жртви, а поради што возачите бараат поголемо обезбедување.
Освен стучна екипа на ЈП Македонски Железници увид во местото на несреќата направи и екипа на СВР Велес.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
