Македонија
10. August 2015 - 12:14

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Јажинце

 

Наносите од кал, земја и камења кои го затрупаа мостот кај селото Порој се целосно отстранети и со тоа од денеска во 10 часот целосно е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

- Сега повторно е воспоставен нормален сообраќај за сите видови возила со поставени знаци за известување и ограничување на брзината, изјави Јосифовски.

Поради силното невреме што го зафати Тетово, огромни наноси од околу 350 илјади метри кубни го затрупаа мостот и патот.