Македонија
20. April 2024 - 19:36

Нормализиран сообраќајот на патот Штип - Кочани

Од 18:35 часот, сообраќајот на патниот правец Штип-Кочани е нормализиран, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот на овој патен правец од 17.15 часот беше затворен за сообраќај, откако  во 14.25 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.