Македонија
14. April 2019 - 8:30

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Штип-Велес

 Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Велес, кај село Кадрифаково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е нормализиран од синоќа од 22:00 часот.

Сообраќајот беше во прекин синоќа од 20:40 часот поради сообраќајка што се случи на овој патен правец во која учествувале возило и пешак. 

Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот Миладиновци - Штип, секција Миладиновци - Кадрифаково и Кадрифаково - Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер.