Нормализиран сообраќајот на автопатот Миладиновци – Штип
Сообраќајот на патниот правец Миладиновци – Штип, кој беше блокиран кај клучката Три Чешми, е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на автопатот Миладиновци – Штип беше блокиран поради штрајк кај клучката Три Чешми.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели
-

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
-

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Загинат и петмина ранети во оружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана
-

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит
-

Сончево и потопло време, температури до 23 степени
