Спорт плус
11. February 2017 - 17:06

Нордиско скијање: Ватанабе ја прекина неверојатната германска доминација

Јапонецот Ватанабе ја прекина германската доминација во нордиска комбинација на последните 18 трки  откако триумфира пред домашната публика во Сапоро. 
Второто место му припадна на Тим Хуг од Швајцарија додека трет беше Германецот Мануел Фаист. Водечките тројца во генералниот пласман Ридзек, Френцел и Фабиан Рисле останаа без подиум. 
Ватанабе беше најдобар во крос кантри на 10 километри додека најдобар скок имаше неговиот сонародник Хисаки Нагамине ккој прескокна 138 метри.