Џет-Сет
2. July 2016 - 11:25

Ноне си го отвори срцето: Во страшни болки среде океан плаче по Македонија

Таа е природна, непосредна и секогаш своја… И токму овие карактеристики прават Ноне Неделковска, иако долги години не е на сцената, постојано да биде во фокусот на медиумското внимание.
 
Фановите обожаваат да ѕиркаат како изгледа нејзиниот живот на брод, а пак таа несебично споделува фотографии од сите свои авантури и патувања ширум светот.
 
Сепак Ноне нема проблем и да го отвори срцето кога има некоја мака, а деновиве е токму во таква ситуација. Носталгијата едноставно ја преплави нашата џебна Венера.
 
-Далеку од дома…ти фалат мама, тато, брат, куче, маче, пријатели, бурек, ајвар, тавче гравче… и плус те боли заб. Па нема полошo… Томе вие највеќе ми фалите во моментов. 50 клиники во Америка не можат да ве заменат!, напиша Ноне, а посебно внимание му посвети на својот стоматолог.
 
Изгледа забоболката среде океан и не е така мала работа, па буди емоции тон за дома за Македонија!