Номинацијата за Ристо Пенов денеска ќе биде потпишана и испратена до Собранието, потврди Ковачевски
– Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако тој ќе ја потпише.
-Штом ќе заврши овој настан ќе ја потпишам номинацијата за Пенов и ќе ја испратам во Собранието, како што кажав дека во понеделник ќе го направам тоа, рече Ковачевски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на соларната електрана на ГЕНИ.
Владата претходно ја прати и оставката од таа функција на Горан Милевски, сопратиецот на Пенов од ЛДП. Милевски поднесе оставка од функцијата на 20 септември годинава, од, како што информира, лични причини.
Премиерот Ковачевски уште еднаш потврди дека освен во ова Министерство, не очекува смена во владиниот состав, ниту на министерските позиции од кадри на ДУИ.
-Јас не очекувам смена во другите ресори, еве тука има министер од ДУИ кој што учествуваше во изградбата на најголемата фотоволтаична централа во државата, министер за економија во чиј што мандат е тоа направено, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
