-->
-->
Ноле го спасува Бекер?!
-->

Новак Ѓоковиќ е првиот што му понудил финансиска помош на својот поранешен тренер Борис Бекер кој мораше да прогласи банкрот.
Ваквиот потег на српскиот тенисер доаѓа откако Врховниот суд во Лондон минатата недела го одби барањето на Бекер за додатен период за отплата на долгот во висина од скоро 4 милиони евра после што прогласи банкрот. Германецот го тужеше приватната банка „Арбутнот Лејтам“ поради долг од крајот на 2015 година а како што објави германскиот „Велт“ Новак веднаш понудил помош. Според информациите Новак и Борис ќе се сретнат во Лондон за време на турнирот во Вимблдон. „ Ми рече дека не е се вистина и дека медиумите ја напумпале приказната, тоа е се што знам“ - изјави Ѓоковиќ кој потврди дека му се јавил на Бекер со кој не работи повеќе заедно но сепак се добри и блиски пријатели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
