-->
-->
Нола Исмајлоска-Старова доби функција од Владата
-->
Пратеничката од поранешниот собраниски состав Нола Исмајлоска-Старова е именувана за Национален координатор за регионална соработка и европски интеграции. Ваква одлука донесе Владата на денешната седница.
Како што објавува „360 степени“ утврден е и коефициент од 3,3 за платата што ќе ја добива Исмајлоска, што значи дека нејзините месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година, односно повеќе од 85.000 денари.
Исмајлоска-Старова влезе во претходниот собраниски состав (2016-2020 година) од листата на ВМРО-ДПМНЕ, но кон крајот на 2018 година беше исклучена од партијата, заедно со уште шест нејзини сопартијци кои гласаа за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта