Македонија
18. September 2019 - 11:07

Ноќта ја поминаа во полициска станица, приведени петмина скопјани

На неколку локации во Скопје синоќа и во раните утрински часови се приведени петмина скопјани кај кои е пронајдена марихуана.

Синоќа во 22.55 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Претходно истата вечер во 21.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Рано утрово во 04.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. 

Утрово во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против споменатите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.