Ноќеска повремени врнежи, од утре пороен дожд и силен ветер
УХМР за утре најавува пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70 километри на час. Во наредните денови се очекува и заладување поради продор на студена воздушна маса.
Облачноста ќе почне да се зголемува уште денеска, во вечерните часови, почнувајќи од запад, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопската котлина во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи дожд и слаб до умерен јужен ветер.
Утре врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.
Ново на Сител
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика