„Ноќ на филмска музика“ во Ресен
Концерт насловен „Ноќ на филмска музика“ се одржа синоќа во кино-салата во Ресен по повод одбележувањето 25 години од осамостојувањето на Република Македонија.
Учениците од Школата за пијано во градот, под раководство на настаникот Гоце Милошевски, изведоа познати музички композиции наменети за филмската уметност.
- Школата за пијано во Ресен постои од минатата година. Ова е втор наш концерт пред ресенската публика, откако првиот го одржавме на крајот од минатата година. За мене беше предизвик да ја подготвиме оваа програма, која не е така едноставна и бара доста вежбање. Избраните 17 композиции се од различни филмови, како „Спектра“ со Џејмс Бонд, „Падот на Лондон“, „Кум“,но и помалку познати филмови, кои имаат добра музика. Музиката на Јан Тирзен е најзастапена, но има и дела на Вангелис и други композитори, рече Милошевски, кој го направи изборот на музиката.
Тој истакна дека младите музичари имаа голем предизвик не само да го отсвират делото, туку и да го доловат амбиентот на самиот филм, дел од чија содржина се емитуваше на видео-бим во текот на музицирањето, со што, рече, атмосферата беше потполна.
Концертот беше под покровителство на градоначалникот Ѓоко Стрезовски, а се одржа во организација на Домот на културата „Драги Тозија“.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час