„Ноје Циршер Цајтунг“: Поделба на Косово е можна, но според правилата на ЕУ
Угледниот швајцарски дневен весник „Ноје Циршер Цајтунг“ наведува дека Косово и Србија треба сами да најдат решение на конфликтот, и дека размената на територија, може да биде решение за тоа.
Во опширната анализа, која поаѓа од времето на планот на Марти Ахтисари се заклучува дека размена на територии помеѓу јужна Србија и северно Косово би требало да биде можно, но според правилата што би ги поставила Европската унија, доколку тоа значи постигнување мир меѓу поранешните непријатели.
За потсетување, амбасадорот на САД во Приштина Грег Делави во интервју за КТВ трипати директно не ја отфрли можноста за поделба на Косово, што многумина го протолкуваа како промена во ставот на САД околу идејата за поделба на Косово. Потоа, американскиот амбасадор се јави на Твитер со порака: Игнорирајте ги лажните вести, пренесува Н1.
Аналитичарите во Белград сметаат дека изјавата Делави не значи дека Западот ја менува позицијата и дека не постои опција за поделба или размена на територии.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор