
Во општина Брвеница ќе се одржи втор круг од предвремените локални избори за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди мнозинство од гласовите.
Според резултатите објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг ќе се соочат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата предводена од ДУИ.