Екипата на Баерн Минхен оствари сигурна победа против Валенсија од 4-1 на натпреварот одигран во Пекинг.
На стадионот „Птичје гнездо“ пред 49 000 гледачи најистакнат играч на теренот беше Томас Милер со 2 погодоци а по еден постигнаа Филип Лам и извонредниот Алкантара.
За Валенсија голот го постигна Родриго.