MENI

За 6 месеци 2000 новооткриени лица со хипертензија помалку за истиот период лани

Се намалува бројот на лицата со покачен крвен притисок. Според потатоците од Мој термин,  за половина година евидентирани се 46 775 лица со новопоставена дијагноза хипертенизија , што е за 2000 пациенти помалку  во споредба со претеходните шест месеци.

Тенденцијата на намалување на новозаболените се должи на промена на стилот на живеење и начинот на исхрана, велат од министерството за здравство. За ваквите резултати придонеле и кампањите за здрав живот, со кои се потенцира важноста од конзумирање на здрава храна и зголемена физичка активност.

Pages