Луѓето со инвалидност добиваат можност за самовработување. Нивната бизнис идеа ќе се финансира со неповратен кредит од пет илјади евра. Парите ги обезбедува Агенцијата за вработување.
Во здруженијата на лица со инвалидност сметаат дека проектот помага и оваа категорија на граѓани да се вклучи во општеството..
Самовработувањето на овие лица ќе ја спречи и злоупотребата од фирмите кои вработуваат инвалиди. Често тие работат за минимална плата а работодавачите ги злоупотребуваат државните субвенции.