Бизнис
24. July 2015 - 17:38

Државата им дава 5.000 евра на лицата за инвалидност да започнат сопствен бизнис

Луѓето со инвалидност добиваат можност за самовработување. Нивната бизнис идеа ќе се финансира со неповратен кредит од пет илјади евра. Парите ги обезбедува Агенцијата за вработување.

Во здруженијата на лица со инвалидност сметаат дека проектот помага и оваа категорија на граѓани да се вклучи во општеството..

Самовработувањето на овие лица ќе ја спречи и злоупотребата од фирмите кои вработуваат инвалиди. Често тие работат за минимална плата а работодавачите ги злоупотребуваат државните субвенции.

Огласот за самовработување на лица со инвалидност ќе трае до крајот на идниот месец. Тој овозможува и две дополнителни вработувања.

Единствен услов за учество во проектот е лицето со попреченост да се води како невработен најмалку еден пред да конкурира за неповратен кредит.