Додека во Крушево кулминира културната манифестација “Крушево- етно град”, највисокиот град на Балканот веќе е подготвен и за стартот на традиционалните научно-културни средби “Десет дена Крушевска Република”, во чии рамки годинава се одбележува и 112-тата година од Илинденското востание и 110-тата годишнина од загинувањето на првиот претседател на Крушевската Репблика, Никола Карев.