
Авганистанските талибанци соопштија дека не се информирани за нов круг од мировни преговори со Кабул планиран за крајот на месецот и не направија коментар за соопштението за смртта на лидерот мула Омар.
- Медиуми објавуваат информации според кои ќе се одржат мировни преговори...во Кина или Пакистан. Нашето политбиро не е информирано за таков процес, се вели во соопштението.