Велат дека се борат против партизацијата на институциите а во оние кои ги водат се вработува исклучиво партиски. Продолжува скандалот на Андреј Жерновски со партиско-роднинските вработувања во Општина Центар.
Марко Ружин, синот на Нано Ружин кој е висок функционер во ЛДП и бивш амбасадор, од пред некое време работи во Општина Центар.
Според извори од ЛДП, вработувањето на младиот Ружин паднало како пазар во внатрешните игри во ЛДП.