
Популарниот Игор Џамбазов го прослави 52-от роденден во друштво на пејачката Тамара Тодевска, нејзиниот сопруг Александар Димитровски- Мачка и уште неколку блиски пријатели.
По двете операции што ги имаше неодамна, шоуменот закрепна, а пријателите го изненадија со интересна роденденска торта- со сликата со која му посакаа брзо оздравување на денот на венчавката на Тамара и Мачка.