Живот
10. August 2015 - 11:49

Малку комедија на фудбалски терен

Навивачите на „Ал Хилал“ стадионот можеа да видат комична ситуација која се случи поради недоразбирање на главниот судија и лекарската екипа.

Имено,  еден играч на Ал Хилал се повреди, па на теренот пристигна медицинска екипа со носилки, но судијата не даде дозвола да се изнесе фудбалерот. Па, така медицинскиот тим тргна во една, а судијата го повлече играчот во друга насока.

Поради ова играчот повторно се најде на тревата.

На крајот фудбалерот на Ал Хилал го напушти теренот, но со помош на еден од своите соиграчи, бидејќи ја одби помошта од медицинскиот тим.

Инаку, натпреварот го доби Могреб со 1:0.