Издавал одобенија за бесправна сеча со невистинита содржина и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист во износ од повеќе од 800.000 денари. МВР поднесе кривична пријава до 66 годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување” и “фалсификување службена исправа”.