Македонија
9. August 2015 - 17:18

Kривични пријави за 43 лица за бесправна сеча на дрва

Издавал одобенија за бесправна сеча со невистинита содржина и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист во износ од повеќе од 800.000 денари. МВР поднесе кривична пријава до 66 годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување” и “фалсификување службена исправа”.

Останатите 42 лица, кои биле дел од групата која опреирала во Скопска Црна Гора, се товарат дека со легализирање на бесправно исечената дрвна маса сопстевност на трети лица и дрвна маса од шумскиот фонд на РМ, ја злоупотребиле службената положба и овластување, како и за кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги и исправи. 

Бројот на откриени и процесуирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50% во однос на 2013 година. Лани се поднесени 81 кривична пријава против 86 сторители поради сомненија за пустошење шума, кражба на шума, напад на службено лице при вршење работи од безбедноста, спречување службено лице при вршење службено дејствие и злоупотреба на службената положба и овластување.

 

 

 

 

.