Широк сет на мерки имаат на располагање компаниите заинтересирани за нови инвестиции и ширење на бизнисот.
Субвенции за вработувања, кредити со поволни камати, производство на енергија од обновливи извори, се меѓу мерките за поттик на стопанството што ги нуди владата.
Еден од примерите за успешно користење на овие поволности е компанијата Везе Шари од тетовско Требош. Компанијата добила владина помош за увоз на репроматеријали, за пренамена на земјиште, за вработување, како и фидинг тарифа за производство на електрична енергија од биогас.