Генерал – мајор Методија Величковски е новиот Началник на Генералштабот на АРМ.
Тој доаѓа на местото на досегашниот Началник Генерал – потполковник Горанчо Котевски, чиј мандат беше истечен пред една година.
Во конкуренција биле тројца кандидати.
Новиот началник Величковски целиот свој живот го посветил на воената кариера. Тој е роден во 1966 во Скопје.
Завршил воена гимназија и воена академија, а знаењата ги надградувал на воени школи во Германија и Бугарија.