Македонија
18. August 2015 - 16:07

Методија Величковски нов началник на ГШ на АРМ

Генерал – мајор Методија Величковски е новиот Началник на Генералштабот на АРМ.

Тој доаѓа на местото на досегашниот Началник Генерал – потполковник Горанчо Котевски, чиј мандат беше истечен пред една година.

Во конкуренција биле тројца кандидати.

Новиот началник Величковски целиот свој живот го посветил на воената кариера. Тој е роден во 1966 во Скопје.

Завршил воена гимназија и воена академија, а знаењата ги надградувал на воени школи во Германија и Бугарија.

По дипломирањето на Воената академија, започнал да работи како Командир на Вод, а пред да стане Началник на ГШ на АРМ, бил Командант на Здружената Оперативна Команда .  

Во периодот од 1988 до 2015 имал десет унапредувања во кариерата.

Одликуван е и со официјален медал на националната гарда на Вермонт, (САД) и Официјален медал за Заслуга  во Службата под Боите од втор ред, Бугарија.

Тој во својот говор прв говор како началник на Генералштабот на АРМ, потенцираше дека негова обврска ќе биде задржување на високиот углед на АРМ, како институција со најголема доверба во РМ.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Охрид го потпишал указот за назначување на Величковски. Врховниот командант на АРМ посочи дека Македонија предолго чека пред портите на НАТО.

На 23-иот роденден АРМ, Врховниот командант ја имаше најголемата кадровска трансформација во неговиот мандат.

Од вкупно осум формациски места со со чин генерал, во структурите на армијата има промена на шест генералски места. Разрешени се пет генерали, од кои четворица исполнуваат услови за пензија, а еден генерал се поставува на друга должност.