Мислел дека никогаш нема да најде работа но среќата му се насмевнала. 48-годишниот Ифтим Тренчев од Скопје е само еден успешен пример кој преку мерката за вработување на лица со инвалидитет, веќе една година работи како курир во Министерството за труд и социјална политика.