MENI

Во пожар изгоре сендвичарница во Карпош

За само неколку минути утрово, изгоре сендвичарницата Жан МАри кај студентскиот дом Гоце Делчев.

Според очевидци пожарот настанал во  делот кај скарата и веднаш се проширил кон покривот.

Брзата интервенција на противпожарната служба спречила ширење на огнот и било спречено пожарот да премине на другите два објекти.

Во пожарот нема ниту повредени ниту загинати.

Причината за настанување на несреќата допрва ќе се утврдува како и материјалната штета.

Pages