Помошта за настраданите во невремето во Тетовско е собрана по повикот на поглаварот на Исламската верска заедница. Верниците донирале по завршување на две петочни молитви низ цела Македонија.
Собрани се вкупно 14 тони храна и хигиенски производи. Заедно со паричните средства донацијата е со вкупна вредност од околу 90-тина илјади евра.