4,5 милиони денари им платиле граѓаните на општина центар на режисерите Слободан Унковски и Александар Поповски, објави Курир. Фирмата за театарски дејности Театар на навигаторот Цветко чии сопственици се режисерите кои важат за блиски до СДСМ инкасирала 73 000 евра од општината со која раководи Жерновски за проект од областа на сценската уметност, кој како што пишува Курир нема да реши ниту еден проблем на граѓаните на Центар.